Тојота го смени раководството на својата подружница Даихатсу по безбедносниот скандал

ТОКИО – Јапонскиот производител на автомобили Тојота денеска на својата веб-страница објави дека го сменила раководството на својата филијала Даихатсу, по скандалот со безбедносна контрола.

Претседателот на Даихатсу, претседателот на одборот на директори и директорот на таа компанија поднесоа оставки, а одлуката ќе стапи на сила од 1 март.

„Би сакале повторно да им се извиниме на клиентите, добавувачите, дилерите, заедниците каде што се наоѓаат нашите фабрики и многу други засегнати страни за непријатностите“, се вели на веб-страницата на Тојота.

Можеби ќе ве интересира...

ИКЕА ги затвора продавниците во Русија

BiznisPRO

Binance: Биткоинот падна за 2,26 отсто на 26.140 евра

BiznisPRO

Coca-Cola лансира нов производ на пазарот – но не секој што го сака ќе може да го купи

BiznisPRO