Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2023 година

Во четвртиот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции изнесуваат 210.604 милиони денари, што претставува квартално зголемување од 9.295 милиони денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 19,6% во средствата на финансиските институции. Анализирано по потсектори, најголемо учество во вкупните средства на ОФИ имаат пензиските фондови со 65,9%, а по нив следуваат осигурителните друштва со учество од 16,3%.

Најголемиот дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност (учество од 52,2% и 25,5%, соодветно), а на страната на обврските, најголемиот дел се однесува на техничките резерви на осигурување и капиталните сметки (учество од 56,1% и 34,6%, соодветно).

Можеби ќе ве интересира...

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат

BiznisPRO

Кога се паѓа Велигден, а кога Бајрам, следуваат многу продолжени викенди – Листа на сите неработни денови во 2023

BiznisPRO

Регулаторна утврди нови цени на дериватите

BiznisPRO