Германската инфлација е најниска од јуни 2021 година

Според прелиминарните проценки, годишната стапка на инфлација во Германија паднала од 2,9 отсто во јануари на 2,5 отсто во февруари, објави денеска Дестатис.

Според оваа проценка, инфлацијата во Германија сега е најниска од јуни 2021 година.

Цените на храната во февруари пораснале за 0,9 отсто на годишно ниво во однос на јануарските 3,8 отсто, додека февруарските цени на енергијата паднале за 2,4 отсто на годишно ниво.

Инфлацијата во услужниот сектор е непроменета во однос на јануари и изнесува 3,4 отсто.

Годишната базна стапка на инфлација во Германија е 3,4 отсто, исто како и во јануари, што значи дека се уште е на најниско ниво од јули 2022 година.

На месечно ниво, цените во февруари пораснале за 0,4 отсто. Конечните податоци за февруарската инфлација во Германија ќе бидат објавени на 12 март, заклучува Дестатис.

Можеби ќе ве интересира...

Грција ја укина туристичката такса и воведе нова такса што ќе треба да ја плаќаат сите туристи: Што се менува од годинава

BiznisPRO

Русија забрани извоз на житарки и шеќер: Мерката трае до крајот на август, проблемите на пазарите растат

BiznisPRO

Големо покачување на некои брендови од цигарите во Македонија

BiznisPRO