Хрватите забележаа пад од 40 отсто на зеленчук

Хрватска произведува само половина од годишните потреби за зеленчук, а остатокот се увезува, се вели во анализата на Хрватската задруга на работодавачи.

Во 2022 година се произведени околу 160.000 тони зеленчук, а две години претходно околу 250.000, што е пад од цели 40 отсто.

Од ХУП наведуваат дека површините за одгледување зеленчук се значително помали. На пример, во 2016 година зеленчукот се одгледувал на околу 11.000 хектари, а во 2021 година тој број бил само 8.600 хектари.

Покрај тоа, поединечните парцели на кои се произведува зеленчук се прилично мали.

Можеби ќе ве интересира...

Производот содржи ПЛАСТИЧНИ честички: Хималајската сол се повлекува од пазарот во Хрватска

BiznisPRO

Еве колку бараат сезонските работници – Илјадници Македонци и оваа година на работа во Хрватска

BiznisPRO

Просечната плата во Загреб е 1500 евра

BiznisPRO