Доаѓаат нови пари за пензионерите – Пред исплатата на покачената пензија, следува и помошта, а датумот кога парите ќе легнат парите е објавен

Нешто повеќе од една седмица пред исплатата на мартовската пензија која ќе биде покачена за 5 отсто, ќе пристигне и помошта која што Владата ја доделува на пензионерите со ниски примања и загрозените граѓани.

Исплатата на четвртата финансиска поддршка е планирана за 22.03.2024 година.

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за следните категории на граѓани:

  • корисници на посебен додаток;
  • корисници на правото на надоместок заради попреченост;
  • самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
  • Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно
  • за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

  • 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на
  • месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка;
  • 2.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка и
  • 1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Можеби ќе ве интересира...

ЦЕФТА SEED+ продолжува да дава поддршка на трговијата преку дигитализација

BiznisPRO

Новогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариерите

BiznisPRO

Хрватското индустриско производство падна

BiznisPRO