Саудискиот државен нафтен гигант „Арамко“ објави дека забележал профит од 121,3 милијарди долари во 2023 година, што е за 25 отсто помалку отколку во 2022 година, кога остварил профит од 161,1 милијарди долари.
Глобалната побарувачка на нафта достигна рекордно ниво во 2023 година и покрај геополитичката нестабилност, економските спротивставени ветрови и инфлаторните притисоци, изјави извршниот директор на Арамко, Амин Насер.
Компанијата во соопштението потенцира дека минатата година остварила втор најголем профит во историјата.
– Намалувањето во однос на истиот период минатата година може да се припише на пониските цени на суровата нафта и продадените количини нафта, како и намалените маржи за преработка и хемикалии, се вели во соопштението на саудиската компанија.
Арамко, исто така, соопшти дека нејзиниот годишен приход во 2023 година паднал за 17 отсто на годишно ниво на 440,88 милијарди долари.
Компанијата, и покрај падот на профитот и приходите, одлучи да ја зголеми основната дивиденда за четвртиот квартал од 2023 година за четири отсто, на 20,3 милијарди долари, како и дивидендата поврзана со перформансите за девет отсто, на 10,8 милијарди долари.