Европската унија ги укина санкциите против поранешниот шеф на руската технолошка компанија „Јандекс“, Аркадиј Волож, се наведува во документот објавен на веб-страницата на ЕУ. Волож беше додаден на списокот на санкционирани лица во летото 2022 година како дел од санкциите против Руската Федерација, пренесува Комерсант.
Тој побара од европските судови да ја поништат оваа одлука, а во декември 2022 година поднесе оставка од функцијата генерален директор на Yandex. Шест месеци по оставката, Волож даде изјава во која се изјасни дека е против руската воена интервенција во Украина, а извори на Ројтерс наведуваат дека е отстранет од списокот со санкции токму поради оваа изјава.
Во напад на израелски дрон врз возило во јужен Либан, припадник на…
Холандската компанија Јандекс Н.В. која е матична компанија на рускиот технолошки гигант Yandex, на почетокот на февруари објави дека постигнала договор за излез од Русија и некои меѓународни пазари по цена од 475 милијарди рубљи или околу 4,85 милијарди евра, пренесе Тас.
Имотот на „Јандекс“ го купува конзорциум руски инвеститори, вклучително и фонд во сопственост на енергетската компанија „Лукоил“.