Истрага против „Алиекспрес“! Се сомневаат дека продаваат нелегални производи, а обвинувањата одат и на сметка на огласи

Европската комисија (ЕК) денеска покрена истрага против компанијата „Алиекспрес“ врз основа на новиот Закон за дигитални услуги, бидејќи се сомнева дека преку оваа онлајн платформа за купување се шират нелегални и штетни производи.

Претставниците на ЕК изјавија за Ројтерс дека се загрижени за системските ризици кои произлегуваат од ширењето на нелегални производи, како што се лажни лекови и сомнителна храна или додатоци во исхраната, преку AliExpress.

Комисијата, исто така, тврди дека се уште има порнографски материјали на „Алиекспрес“ и истражува дали малолетниците имале пристап до таква содржина, се наведува на веб-страницата на ЕК.

Истрагата против „Алиекспрес“ се фокусира и на транспарентноста на системот за рекламирање и препораки.

Кинеската компанија „Алибаба“, сопственик на платформата „Алиекспрес“ се уште не се изјаснила.

Европската комисија претходно иницираше истраги против платформата Тикток и социјалната мрежа Икс (Твитер) во рамките на Законот за дигитални услуги, кои сè уште се во тек.

Можеби ќе ве интересира...

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија: MagentaTV

BiznisPRO

Дали треба да се посети менувачница? Курсна листа на девизи за 22 април 2024

BiznisPRO

Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 6,8% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO