Јапонија ја менува монетарната политика по 17 години

Централната банка на ЈАПОНИЈА (БОЈ) денеска ги зголеми каматните стапки за прв пат по 17 години, со што стави крај на периодот на екстремно поддржувачка монетарна политика. По дводневниот состанок, БОЈ благо ги зголеми краткорочните каматни стапки, на опсег од нула до 0,1 отсто.

Со првото зголемување на каматната стапка во последните 17 години, јапонската банка последна меѓу групата монетарни институции на водечките светски економии се откажа од политиката на негативни каматни стапки, која ја воведе за да го запре падот на цените.

Банката постави таргет за стабилна инфлација од два отсто и се приближува до таа цел. Според економистите, промената на насоката сигнализира почеток на нормализирање на монетарната политика, иако во најдобар случај тоа е веројатно бавно, со оглед на неизвесните изгледи за инфлацијата.

Централните банки во другите големи економии во светот нагло ги зголемија каматните стапки во последните две години за да ја зауздаат ​​инфлацијата поттикната од пандемијата на коронавирус, војната во Украина и проблемите со синџирот на снабдување.

Исклучително приспособливата монетарна политика на јапонската централна банка доведе до остар пад на вредноста на јенот, што силно ги погоди домаќинствата и поттикна бран барања за ограничување на инфлацијатa.

Можеби ќе ве интересира...

ЗЛАТОТО СТИГНА РЕКОРДНИ ВИСОЧИНИ: За нешто повеќе од три месеци цената порасна исто колку и во ЦЕЛАТА минатата година

BiznisPRO

Овие занимања се најбарани во Германија

BiznisPRO

Маск отпушти 10 отсто од работната сила: Намалено производството на евтини електрични возила

BiznisPRO