Во земја богата со вода едно шише е 12 пати поскапо отколку среде пустина: Каде е Македонија на листата?

Шише вода (330 мл) е најскапо во Цирих, 5,08 долари, а најевтино во Каиро, само 0,16 „зелембака“, објави Spectator Index.

На објавената листа има многу градови во светот, па иако го нема Скопје, ние сме пресметале приближно (резултатите се разбира варираат во зависност од тоа кој производител на флаширана вода ќе го изберете бидејќи цените се различни) како котира главниот град на Србија.

На пример, земавме шише кое чини 20 денари (0,35 долари), а според тоа, Скопје би било веднаш над Истанбул, бидејќи во главниот град на Турција шише од 330 милилитри вода чини 0,33 долари, покажуваат податоците од списокот.

Цената на водата во големите градови ширум светот очигледно не зависи од природното богатство на одреден регион, бидејќи во Швајцарија, позната по природните езера, едно шише вода е неспоредливо поскапо отколку, на пример, во главниот град на Катар, Доха (0,41 долари).

Можеби ќе ве интересира...

Инженер за вештачка интелигенција на списокот: Овие занимања ќе бидат НАЈБАРАНИ во следните 10 години

BiznisPRO

Со среќа: Охриѓанецот кој доби седумка на Лото ги подигна парите – еве како изгледа тикетот од 1.7 милиони евра

BiznisPRO

Една работа мора да биде на прво место: финансиски експерт советува како да ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ со ОВИЕ 3 ПРАВИЛА

BiznisPRO