Не е само Рига, од Скопје се лета на 59 дестинации во светот преку 22 авиокомпании

Успешни политики за унапредување на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот, со цел максимално искористување на капацитетите на двата меѓународни аеродроми им овозможи на граѓаните нови можности преку нови и атрактивни дестинации.

Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград.

Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Ако во текот на зимскиот ред на летање, две авиокомпании летаа до четири дестинации, или Виз ЕР до Виена, Дортмунд и Меминген, а Чер Ерлајнс до Цирих, со летниот распоред на летови, и Еделвајс ќе лета до Цирих, така што со летниот ред на летање, од Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации.

Скопје-Рига нова дестинација за деловни луѓе

Воведувањето на нов лет до Рига во Латвија од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест.

Ова дополнување ќе им овозможи на граѓаните беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации од Балтичкиот регион. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност бидејќи Рига, е значаен бизнис-центар на Балтикот.

-Со новите линии очекуваме дека минатогодишниот тренд на раст ќе продолжи и дека бројките ќе ги надминат оние од 2023 година. Нашите очекувања се дека само аеродромот во Скопје ќе превезе над три милиони патници оваа година“, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележат 33% пораст во патничкиот сообраќај во 2023 година, споредено со 2022 година. Ланскиот број на патници го надмина и рекордот од 2019, кога низ двата аеродроми беа опслужени 2,7 милиони. Минатата година биле регистирани 24 илјади летови до 46 дестинација на Скопскиот, четири на Охридскиот и доплнителни сезонски авиолинии во летна сезона или вкупно 3,15 милиони патници.

Каде се патува најмногу?

Според статистиката за 2023 година најмногу се патувало кон Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 10,9% пазарен удел), Базел Милуз (6,4%), Цирих (5,4%), Франкфурт (4,7%), Дортмунд (4,5%), Виена (4,4%), Минхен Меминген (4,3%), Анталија (3,2%), Хамбург и Келн (по 2,7%).

Топ 5 земји со директни летови за 2023 година пак биле Германија (28,3% пазарен удел); Турција (16,1%); Швајцарија (13,4%); Шведска (6,5%); и Италија (6,4%).

Македонскиот авиосообраќај е со втор најголем раст на превоз во Европа со 64,9 % зголемување на бројот на патници во 2023 година во однос на 2022 година. Забележани се над 250 илјади воздухопловни операции во 2023 година.

Зголемениот број на патаници несомнено се должи на големиот број на директни линии и несподредното поврзување со Европа и Светот. Дражавната политика на субвенционирани летови се покажа како исклучително добра која ги даде посакуваните резултати. Преку субвенционирање на авиолинии овозможен е раст на економијата и на воздушниот сообраќај.

Евтини летови преку владини субвенции

Граѓаните за “евтини пари“ добиваат можност авионски да стигнат до омилената дестинација во Европа и пошироко. Владината мерка за финасиска поддршка за нови авиолинии ја зголеми достапноста на Македонија за посетители од целиот свет, овозможувајќи продолжен период на туристичка активност.

Кон крајот на 2022 година Владата објави повик за субвенционирани авиолетови за периодот од 2023 до 2025 година. Условите и критеримуните од повикот ги исполнија Германската авиокоманија „Луфтханза“ која воведе нова авиолинија од Скопје до Франкфурт, и „Виз Ер“ која воведе четири нови линии од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана. Финансиската поддршка која Владата им ја исплаќа на овие авиокомпании изнесува седум евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Министерството за транспорт и врски во својот буџет за 2023 предвиде 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.

„Сметаме дека е од големо значење за државата, но и граѓаните зошто аеродромот во Франкфурт е еден од најголемите во Европа и поврзува со 200 меѓународни дестинации. Финансиската поддршка авиокомпаниите ја добиваат за период од три години. По истекот на тригодишниот рок, авиопревозниците имаат обврска да продолжат да оперираат на линиите. Односно, и во наредните три години. Во спротивно, ќе мора да го вратат целиот износ што ги добиле како финансиска поддршка“-наведе министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66 584 935 денари, во 2020 година 21 098 924 денари, во 2021 година 10 475 649 денари, а во 2022 година немаше исплата по тој основ.

Министерството за транспорт и врски врз основа на анализи ќе процени кога има потреба да се распише друг јавен повик за субвенционирани летови, истакнувајќи дека има интерес за влез на нови авиокомпании на нашиот пазар. Без прецизност за висината на финансиската поддршка за евентуалниот нов повик, велат дека критериумите би останале како тие од претходниот повик (2023-2025година) кои, како што потенцираат, биле усогласени со правилата на Европската унија.

Политиките на Владата се да го развие воздушниот сообраќај во земјава, да обезбеди квалитетен развој на цивилното воздухопловство, да формира конкурентни цени и нови дестинации за граѓаните , како и привлекување на туристи од цела Европа и пошироко.

Иако Wizz Air, како најголема нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, има летови до и од аеродромот во Осло, во јуни минатата година, воспоставена е нова авиолинија, која ја оперира авиокомпанијата Норвеџиан Ерлајнс.

„Влегувањето на норвешката авиокомпанија на македонскиот пазар е само потврда на успешните политики што ги реализираме заедно со ТАВ Македонија. Создавајќи поволни услови за авиокомпаниите, ја доближуваме земјава поблизу до европските пазари. Од Меѓународниот аеродром Скопје до сега бевме поврзани со Осло преку авиокомпанијата Визер, но со оваа нова линија на Норвеџиан ерлајнс даваме дополнителна алтернатива и можност за унапредување на економијата, туризмот и генерално конекцијата со Норвешка“-истакна Бочварски на промоцијата на оваа линија.

Можеби ќе ве интересира...

Падна одлука: Едни горива поскапуваат, други поевтинуваат

BiznisPRO

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

BiznisPRO

Народната банка ја информира јавноста за одржувањето на 51. сесија на Клубот на истражувачите

BiznisPRO