Глово се повлекува од словенечкиот пазар

Компанијата Глово, која се занимава со испорака на храна и други производи, од 10 мај ќе престане со работа во Словенија, пишува 24ур. Компанијата соопшти дека ќе им помогне на своите вработени во периодот на транзиција.

Ќе им бидат понудени соодветни позиции во други канцеларии или отпремнина.

Инаку, Глово работи во Словенија од 2021 година. „По внимателно разгледување, донесовме одлука да ги затвориме операциите во Словенија. Во иднина, Glovo ќе ги фокусира своите инвестиции на зајакнување на својата позиција во 23-те земји во кои работи, што ќе ни овозможи да обезбедиме подобри услуги за милионите корисници кои секојдневно ја користат апликацијата Глово“, се вели во нивното соопштение.

Ана Фраиле, генерален директор на Глово Словенија, им се заблагодари на клиентите, партнерите и добавувачите. Таа најави дека сите ќе бидат навремено информирани за понатамошните чекори и вети дека ќе обезбеди најдобро можно збогување за сите засегнати страни.

„Глово е посветена на поддршка на своите вработени во овој преоден период. Тоа ќе се одрази во потрагата по соодветни позиции во другите канцеларии на Глово и во обезбедувањето отпремнини кои го надминуваат законскиот минимум“, соопшти компанијата.

Glovo работи во Европа и Африка, а Југоисточна Европа е еден од нејзините клучни пазари. На словенечкиот пазар влезе со купување на Ehrana, која е голема платформа за нарачка на храна.

Во Словенија се смета за еден од двата главни даватели на испорака до дома, заедно со финската компанија Wolt.

Можеби ќе ве интересира...

Проблеми со продажба на куќи за евра во Италија: Продадени се само две

BiznisPRO

На трето место е Марк Цукерберг: гордата титула за НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ја носи основачот на позната компанија

BiznisPRO

Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 6,8% на вкупната кредитна поддршка

BiznisPRO