Кафето продолжува да поскапува, но многу побавно

Во март годинава, потрошувачките цени на кафето во Европската унија беа на годишно ниво плус еден процент, наспроти 13,5 отсто во март 2023 година, објави Евростат.

Ова го доближи мартовскиот раст до јули 2021 година, кој беше 0,8 отсто.

Стапката на инфлација на кафето се намалува од октомври 2022 година, кога беше највисока од 17,4%, по значителното зголемување кое започна од 2% во октомври 2021 година.

Иако растот на цената на кафето е забавен низ ЕУ, постојат значителни разлики од земја до земја.

Во 15 земји-членки, стапката на инфлација на кафето е повисока во март 2024 година отколку во март 2023 година. Највисоки стапки се забележани во Хрватска (7,4%), Романија (6,8%) и Бугарија (6,6%).

Останатите членови забележаа опаѓачки стапки. Најголем пад има Финска и Литванија, повеќе од 15%, и Данска (7,5%).

Можеби ќе ве интересира...

Германија од 1 јуни ги менува правилата за граѓаните од Западен Балкан

BiznisPRO

За 100 килограми треба да издвоите 786 евра: Големопродажната цена на путерот во ЕУ бележи значително зголемување, страдаат потрошувачите

BiznisPRO

Американците шверцуваат јајца: Преку граница се поевтини за 70 отсто

BiznisPRO