Германската државна банка продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком

ГЕРМАНСКАТА државна банка KfW објави дека продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком, а приходите од 2,43 милијарди евра треба да бидат насочени кон зајакнување на капиталот во Дојче Бан и модернизирање на железничката мрежа.

Акциите се продадени по цена од 22,13 евра, а пакетот одговара на сопственички удел во Дојче Телеком од 2,2 отсто, се наведува во соопштението на KfW објавено во понеделникот вечерта. Цената на акциите на Дојче Телеком беше 22,64 евра на крајот од вчерашното тргување на берзата.

Можеби ќе ве интересира...

Државата подели ваучери до 500 евра на 6.000 семејства – објавени списоците

BiznisPRO

Милијардерот најави колапс на американските банки

BiznisPRO

Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2024 година

BiznisPRO