Расте бројот на работниците во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 99.5.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст од 4.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.3 %, додека опаѓање бележи во секторот Преработувачка индустрија за 0.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2024 година, во однос на август 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.7 %, Капитални производи за 10.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 21.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.6 %. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, изнесува 101.4.

Можеби ќе ве интересира...

Колку чини еврото, а колку чини доларот – Објавена денешната курсна листа

BiznisPRO

ЌЕ ФРЧАТ ОТКАЗИ: Еден од најголемите трговски ланци во Европа затвора 16 стоковни куќи

BiznisPRO

Нови цени на горивата во Македонија

BiznisPRO