Во месецот на штедење, Халкбанк го нуди ПРОМО депозитот со атрактивна камата од 4%

Во октомври, светскиот месец на штедење, Халкбанк го активираше познатиот производ ПРОМО депозит, кој сега е со фиксна каматна стапка за орочување од дури 4% за штедење во денари, односно 3,1% за штедење во евра. Понудата за штедење, која во моментов е најтрактивна во земјата, важи во промотивниот период до 31.10.2024 година.

Со ПРОМО депозитот на Халкбанк, клиентите имаат можност да го зголемат својот капитал преку сигурен и стабилен финансиски партнер, користејќи ја поволната каматна стапка и одличните банкарски услови.

Рокот на орочување на заштедите е 13 месеци, а минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Исплатата на каматата може да биде на крајот на периодот на орочување или месечно.

Кај овој производ не е предвидена можност за делумно повлкување на средства, ниту за дополнителни уплати. Штедниот влог автоматски ќе се реорочи по истекот на период на орочување при што ќе се земат предвид каматните стапки од генералното штедење кои ќе бидат важечки според Одлуката за пасивни каматни стапки. Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозит, ќе се пресмета камата по видување, која во моментот изнесува 0%.

Бидејќи штедењето пари се смета за здрава животна навика која обезбедува финансиска сигурност и е гаранција за побезгрижна иднина, најновата понуда на Халкбанк претставува идеална можност вашите заштеди да ги доверите на сигурен партнер и со понудената атрактивна камата да ја зголемите нивната вредност.

Можеби ќе ве интересира...

Халкбанк ги носи децата на планетата Ѕвездалија за месецот на штедењето

BiznisPRO

ОБОИ ГО СВЕТОТ ВО ВРАНЕЦ-ЦРВЕНО: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот 

BiznisPRO

Сертифицирање на 6 граѓански организации со „Ознака за доверба“

BiznisPRO