КАКВА СУДБИНА ГО ЧЕКА ГИГАНТОТ: Фолксваген сака да затвори три од десет фабрики, но и да ја намали платата на преостанатите работници

Како што пренесуваат медиумите во Германија автомобилскиот мегаломан Фолксваген има намера да затвори најмалку три од десет фабрики во Германија, но и дополнително да ги намали платите на преостанатите вработени за десет отсто, изјави претседателката на работниот совет на оваа компанија Даниела Кавало.

„Сите фабрики на Фолксваген во Германија се засегнати од овие планови. Никој не е безбеден“, рече Кавало во говорот пред вработените, нагласувајќи дека и позициите за кои е потребна минимална квалификација и работните места за кои е потребна универзитетска диплома се загрозени.

Volkswagen вработува околу 120.000 луѓе во Германија, од кои половина во главната фабрика во Волфсбург, пренесува германски Bild.

На останатите вработени ќе им се намали платата за 10 отсто, нема да им се зголемуваат платите во следните две години, а сегашната месечна стапка од 167 евра ќе се укине.

Можеби ќе ве интересира...

Nvidia забележа годишен раст на приходите од 114 проценти

BiznisPRO

Девизните резерви зголемени за 41,9 милиони евра

BiznisPRO

Во четвртиот квартал БДП пораснал за 3.2%

BiznisPRO