УЈП со советодавна посета на пазарот на ракотворби во ГТЦ и на закупувачи на штандови на Виноскоп во Скопје

Претставници на Управата за јавни приходи го посетија пазарот за ракотворби во Градскиот трговски центар во Скопје и низ разговор со занаетчиите – учесници ги информираа за обврските од Законот за данок на личен доход и регистрирањето за вршење дејност од времен карактер. Со цел даночно усогласување, Управата за јавни приходи ги информира и физичките лица кои ќе вршат продажба на производи на отворено да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер за периодот додека вршат дејноста со цел да бидат даночно усогласени.

Даночните службениции разговараа и одржаа работна средба со дел од учесниците кои закупиле штандови за продажба на производи и услуги на „Виноскоп“, кој деновиве се одржува во Скопје.
На средбата на учесниците кои досега не биле дел од едукацијата а со свои штандови учествуваат и на претстојниот „Виноскоп“ ќе вршат промет на добра и услуги им беше укажано за обврската задолжително да користат одобрен фискален апарат и да издаваат фискални сметки, да го евидентираат остварениот промет на секоја фискална каса и најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет кај носителот на платен промет.

Целта на овие активности на УЈП е преку навремено и превентивно укажување, учесниците на манифестации на отворено да се запознаат со даночните обврски кои ги имаат и на тој начин да придонесат кон поттикнувње на доброволно почитување на даночните закони и создавање на фер услови за раст и развој на економијата.

Можеби ќе ве интересира...

Волстрит ги чека новите одлуки на ФЕД: Индексите паѓаат, инфлацијата сè уште ги загрижува инвеститорите

BiznisPRO

Поранешниот гигант отпушта 1.200 луѓе во Шведска

BiznisPRO

Курсна листа за 22 октомври 2024

BiznisPRO