Над 800 производи поевтинале за 10 отсто од денеска

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен.

Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да се утврди дека се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците.

– Во моментот вклучени се над 80 компании, а очекуваме и други компании и маркети да се приклучат со што листата во новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1000 производи. Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови. Дадовме ветување пред граѓаните и се обврзавме на посветено, одговорно и домаќинско работење, велат властите.

Можеби ќе ве интересира...

Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

BiznisPRO

Компанијата dm дрогерие маркт ја ужива довербата на купувачите! Бизнис заедницата ја прогласи за најдобра во земјава во категорија „Трговија на мало со козметички препарати“

BiznisPRO

На едно семејство му требаат 65.544 денари за да преживее еден месец

BiznisPRO