Раст на бројот на издадени одобренија за градење – ќе се градат 759 станови

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2025 година се издадени 317 одобренија за градење, што е за 23.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 772 690 илјади денари, што е за 28.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 174 (54.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15.8 %) за објекти од нискоградба и 93 (29.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 317 објекти, на 178 (56.2. %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (43.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 759 станови, со вкупна корисна површина од 60 471 м2.

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на бензините

BiznisPRO

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

BiznisPRO

Гигантот Фолксфаген живее тешки денови

BiznisPRO