Во 2024 година Македонија има 23,6% повеќе доктори на науки во споредба со претходната година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година, звањето доктор на науки го стекнале 215 лица, што претставува зголемување за 23.6 % во споредба со 2023 година.

Најголем број од лицата, 22.4 %, докторирале во областите здравство и социјална заштита, потоа 16.7 % уметност и хуманистички науки, следат бизнис, администрација и право со 14.4%, општествени науки, новинарство и информирање со 11.6 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.

Од вкупниот број лица што докторирале во текот на 2024 година, 106 или 49.3 % од нив се жени.

Можеби ќе ве интересира...

КОМШИИТЕ ЈА САРДИСАА МАКЕДОНИЈА: Имаме евтин дизел и бензин

BiznisPRO

Курсна листа за 28.02.2025

BiznisPRO

Прво пенливо вино од линијата Luda Mara на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена

BiznisPRO