Одмор или реновирање? Сега не мора да бирате

Флексибилно решение за сите летни планови

Понекогаш не станува збор за избор помеѓу одмор или реновирање, туку за желба да се реализираат и двете нешта, без финансиски компромиси. Летото е период кога сите се стремиме кон промени – некои ја бараат свежината на нов простор дома, други посакуваат позитивна промена од секојдневието. А честопати и едното и другото се подеднакво заслужени.

Халкбанк, како банка која што гради долгорочни односи со клиентите и нуди производи според реалните потреби, овозможува потрошувачки кредит што се вклопува во секојдневието, со поволни услови, стабилни каматни стапки и поддршка која носи сигурност.

Со овој кредит, можете да аплицирате за износ до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата од 5%, што значи дека ги знаете вашите месечни обврски уште од самиот почеток. Аплицирањето е ослободено од провизија, а доколку во иднина се решите за предвремена отплата – и таа е без дополнителни трошоци. Сето тоа ја прави оваа кредитна понуда транспарентна и лесна за планирање.

Поддршка без компликации

Да се биде примател на плата во Халкбанк значи да имаш пристап до поддршка што функционира лесно, навремено и во твоја корист. Тоа се оние мали, но важни предности што прават голема разлика во вистински моменти.Кога планираш реновирање, патување или нешто трето што не трпи одложување, времето е пресудно. Токму затоа, процесот е прилагоден за сé да се заврши со минимален напор и максимално брзо.

Сè е поставено така што ќе знаеш каде си, што те чека и кога ќе ги добиеш потребните средства, всушност како што треба да изгледа секоја вистинска поддршка.

Кога знаете дека зад вас стои стабилен финансиски партнер, секој ваш план може да биде остварлив. Со потрошувачкиот кредит од Халкбанк, не се откажувате од едно за да добиете друго, туку добивате поддршка да ги реализирате сите ваши замисли, со сигурност, контрола и без дополнителен товар.
Изберете решение што се прилагодува на вашиот живот. Изберете паметно. Изберете Халкбанк.

Можеби ќе ве интересира...

Повторно поскапување на горивата – ова се новите цени

BiznisPRO

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

BiznisPRO

ЕБОР го презентира водечкиот Извештај за транзицијата во Скопје Изданието за 2024-2025 година со наслов: ,,Навигација во индустриските политики”

BiznisPRO