Пораснал бројот на туристи во Македонија

Бројот на туристите во мај 2025 година изнесува 130 739, од кои 22.4 % се домашни туристи, а 77.6 % се странски туристи

Бројот на туристите во мај 2025 година изнесува 130 739, од кои 22.4 % се домашни туристи, а 77.6 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во мај 2025 година изнесува 231 313, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските туристи.

Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 23.6 %.

Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 12.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.3 %, а кај странските има зголемување за 18.7 %.

Главни поенти
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во мај 2025 година:

28 338 од Турција
15 166 од Германија
6 059 од Франција и
5 942 од Србија

Можеби ќе ве интересира...

Штедете без ограничувања, со пристап до вашите средства во секое време

BiznisPRO

Просечната плата достигна 41.252 денари

BiznisPRO

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

BiznisPRO