„Средба на Божиновска и Љатифи со претставници на KfW за енергетска инфраструктура и регионална поврзаност“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и директорот на МЕПСО г Бурим Љатифи остварија работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, посветена на унапредување на соработката во делот на енергетската инфраструктура и регионалната интерконекција.

На средбата беше разговарано за неколку клучни проекти во партнерство со АД МЕПСО, кои се од стратешко значење за стабилноста и модернизацијата на електроенергетскиот систем:

  • Подготовка на нов Правилник за мрежата (Grid Code)усогласен со новиот Закон за енергетика и Четвртиот енергетски пакет на ЕУ. Во рамки на ова, ќе се обезбеди техничка помош, а постапката за набавка ќе биде спроведена според процедурите на KfW.
  • Интерконектор Северна Македонија – Косово (400 kV):како прв чекор, ќе се изработи прет-физибилити студија која ќе ги опфати потенцијалните траси и еколошките аспекти. За ова е договорена заедничка апликација до WBIF за техничка помош и понатамошна поддршка на проектот.
  • Јакнење на електропреносната мрежасо приоритетни линии:
  • 110 kV Струја – Куманово – Крива Паланка,
  • 400 kV Штип – Радовиш – Струмица – Петрич/Сандански (Бугарија).

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за продолжување на билатералните средби и за убрзување на процесите со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем, подготвен да го апсорбира растот на обновливите извори на енергија.

Регионалното поврзување и модернизацијата на електропреносната мрежа се предуслов за стабилен и сигурен енергетски систем. Соработката со KfW е значаен поттик за реализација на проекти што ја зајакнуваат позицијата на Северна Македонија во европската енергетска мапа и го поддржуваат енергетскиот транзициски процес,“ изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и натаму ќе работи на забрзување на стратешките инвестиции во енергетиката, во партнерство со меѓународните финансиски институции и домашните енергетски компании.

Можеби ќе ве интересира...

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

BiznisPRO

МТЕЛ ја проширува продажната мрежа, отворен нов продажен салон во Штип

BiznisPRO

Рудник САСА и за овие празници ја продолжи традиција на поддршка за локалната заедница и своите вработени

BiznisPRO