Падна одлука во РКЕ: Сите горива поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е повисок за 0,7827%
Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата

BiznisPRO

ЕБОР продолжува да ги поддржува инвестициите за заштеда на енергија во Северна Македонија

BiznisPRO

Собранието го усвои Буџетот за 2026 година

BiznisPRO