Електродистрибуција домаќин на настан на OSAC при Стејт департментот на САД

Електродистрибуција беше домаќин на настанот „Сајбер-безбедност во критичната инфраструктура: градење отпорност преку соработка“, организиран од OSAC (Overseas Security Advisory Council), со што официјално започнаа активностите со посебен фокус на енергетскиот сектор како клучен сегмент за националната безбедност, економската стабилност и непреченото функционирање на општеството.
Настанот обедини државни и меѓународни претставници од јавниот и приватниот сектор, регулаторни институции, енергетски компании и експерти за ИКТ и сајбер-безбедност, со цел да се отвори стратешка дискусија за растечките сајбер-закани и заштитата на критичните енергетски системи.

Експертски согледувања споделија Нина Угриновска, сениор консултант и главен ревизор, Ања Ивановска, офицер за информативна безбедност и Георги Хаџи-Манев раководител на одделот за информатички и телекомуникациски технологии, фокусирајќи се на сајбер-безбедноста во контекст на дигиталната трансформација, управувањето со оперативните технологии, усогласеноста со регулативите ISO/IEC 27001:2022 и NIS 2, како и јакнењето на отпорноста во енергетскиот сектор. Дискусиите ја нагласија важноста на соработката, размената на информации, лидерската одговорност и инвестирањето во човечкиот капитал како клучни фактори за справување со сè поизразените сајбер закани по критичната инфраструктура.

Електродистрибуција останува посветена на поддршката на OSAC Скопје и на зајакнувањето на сајбер-отпорноста во енергетскиот сектор.

фото Електродистрибуција

Можеби ќе ве интересира...

Индекси на прометот во индустријата, јануари 2025 година

BiznisPRO

Зголемен промет во трговијата на мало во септември: Најголем раст кај непрехранбени продукти, пад во трговијата со храна

BiznisPRO

Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од TЕМУ со измените на Законот за ДДВ, тврди Министерство за финансии

BiznisPRO