Македонски Телеком ja заврши 2025 година со силен раст и инвестиции

Македонски Телеком ja заврши 2025 година со раст во сите сегменти, финансиски раст и големи инвестиции во развојот на инфраструктурата. Ова е резултат на  конзистентниот раст во текот на целата година и следење на стратегијата за најдобра мрежа и врвно корисничко искуство.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на годината изнесуваат 2.860 милиони денари наспроти 2.296 милиони денари на крајот од минатата година.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 7,0 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од дури 13,2 проценти. И приходите од продажба се зголемени за 3,2%.

Нашата посветеност на креирање и спроведување паметни решенија доведе до зголемување на приходите од системската ИТ интеграција за дури 19,6 проценти.

 

Најдобра и најбрза мрежа во Македонија

Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите од мерењата покажаа најголема брзина на мобилната и фиксната мрежа и најдобра мобилна мрежа во првата половина на 2025 година. Супериорноста на мрежата е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање за ширење и модернизација на мрежата и развој на нови технологии. Нашата 5G мрежа е достапна за 97% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура со која покриваме 369 илјади пристапи до оптика што е речиси двојно повеќе во споредба со  сите  останати оператори на пазарот заедно и 7,2 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

 

Раст на базата на корисници и лидерство

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе  зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,4  проценти и изнесува 225 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,0 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена и изнесува 1,3 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 238 илјади корисници. На ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 38 проценти. Новата генерација дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена што донесе и раст од 6,3 проценти или 169 илјади корисници.

Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 400 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.

 

Зголемување на заработката по акција

Успешните резултати на компанијата придонесоа и за повисока заработка по акција во 2025 година каде се бележи раст од 4,7% во споредба со претходната година.

Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство одат во вистинската насока и се препознаени од корисниците.

Одговорност кон вработените, општеството и животната средина

И оваа година активно работевме на еднакво дигитално општество и намалување на штетните влијанија врз животната средина. Преку проекти за намалување на дигиталниот јаз и еднакво дигитално општество, допревме до над 35 000 илјади корисници. Придонесуваме за намалување на штетните емисии на CO2, со тоа што сме како компанија CO2 неутрални. Нашиот тим го движи прогресот и оваа година сме прогласени за најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании на национално ниво и го имаме престижниот сертификат Employer Partner.

Ова е наша долгорочна стратегија и дел од нашата ESG агенда којашто ќе продолжиме да ја следиме и во наредните години.

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата

BiznisPRO

Дали знаевте дека Google тајно снима сè што ќе кажете? Еве како да го исклучите

BiznisPRO

Падна одлука – Утврдени нови цени на бензините

BiznisPRO