Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, февруари 2026 година

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2026 година се зголемени за 0.8 % во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групите Енергија за
2.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија 0.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %.

Во февруари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4.5 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 10.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %.

Можеби ќе ве интересира...

ГРАЃАНИТЕ СО ПОВЕЌЕ ПАРИ ВО ЏЕБ: Просечната бруто плата изнесува 64.697 денари, додека нето 43.050 денари

BiznisPRO

Бруто платата во просек достигна изнесува 62.573, нето 41.585 денари

BiznisPRO

Следува исплатата на мајските пензии

BiznisPRO