УЈП: Ефикасни институции и конзистентни одлуки за поголема сигурност и доверба

Делегација од Управата за јавни приходи вчера оствари работна средба со претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини и заменик претседателката Марта Телегравчиска, при што се потпиша Меморандум за дигитално поврзување преку ЕПУС платформата.

Со оваа соработка значително ќе се олесни и унапреди меѓусебната комуникација во управните спорови против даночните управни акти на Управата за јавни приходи.

Состанокот помина во конструктивна атмосфера и отворена дискусија за суштински прашања од заеднички интерес, при што заеднички беше истакнато дека правната сигурност на граѓаните и компаниите и заштитата на интересите на државата претставува најважен темел за довербата во институциите и за ефикасно функционирање на правниот систем.

Притоа беше нагласено и дека правната сигурност подразбира и конзистентност во одлуките и постапувањето на јавните органи и судовите, бидејќи предвидливоста и еднаквата примена на правото се клучни за довербата во институциите.

Дигитализацијата, ефикасноста и институционалната соработка остануваат наш заеднички приоритет.

фото УЈП

Можеби ќе ве интересира...

Гувернерот Славески на средба со студентите практиканти во Народната банка

BiznisPRO

Курсна листа за 22.02.2025

BiznisPRO

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година

BiznisPRO