УЈП и Американската стопанска комора во РСМ со заедничка заложба за унапредување на системот е-фактура

Управа за јавни приходи одржа работна средба со членки на Американска стопанска комора во Северна Македонија (AmCham North Macedonia), претставници на бизнис заедницата, посветена на проектот „е-Фактура“ – системско решение за електронско фактурирање кое има за цел поголема ефикасност, транспарентност и усогласеност со даночните процеси.

Во отворена и конструктивна дискусија, компаниите имаа можност да се запознаат со функционалностите и придобивките од системот, како и да ги споделат своите предлози и согледувања. Беше истакната заедничката определба за партнерска соработка, активно вклучување на бизнис заедницата во понатамошниот развој и тестирање на системот, како и заедничко градење современи и функционални дигитални решенија.

Посебен акцент беше ставен на значењето на континуираната комуникација и соработка меѓу институциите и приватниот сектор како клучен предуслов за успешна дигитална трансформација и унапредување на услугите за даночните обврзници. Во таа насока, беше потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката и развој на ефикасен, модерен и одржлив систем во интерес на бизнис заедницата и државата.

фото ujp.gov.mk

Можеби ќе ве интересира...

Со Халки, создадете мали навики за исполнување на големи соништа

BiznisPRO

Министерство за финансии: Северна Македонија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

BiznisPRO

Тешки времиња за македонските компании: Над 11 илјади фирми не исплатиле плати кон работниците, а 2.199 не платиле данок на добивка

BiznisPRO