Делегација од Управата за јавни приходи вчера оствари работна средба со претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини и заменик претседателката Марта Телегравчиска, при што се потпиша Меморандум за дигитално поврзување преку ЕПУС платформата.
Со оваа соработка значително ќе се олесни и унапреди меѓусебната комуникација во управните спорови против даночните управни акти на Управата за јавни приходи.
Состанокот помина во конструктивна атмосфера и отворена дискусија за суштински прашања од заеднички интерес, при што заеднички беше истакнато дека правната сигурност на граѓаните и компаниите и заштитата на интересите на државата претставува најважен темел за довербата во институциите и за ефикасно функционирање на правниот систем.
Притоа беше нагласено и дека правната сигурност подразбира и конзистентност во одлуките и постапувањето на јавните органи и судовите, бидејќи предвидливоста и еднаквата примена на правото се клучни за довербата во институциите.
Дигитализацијата, ефикасноста и институционалната соработка остануваат наш заеднички приоритет.
фото УЈП
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
