РКЕ И ЕВН НА ЗАЕДНИЧКА МАСА: Фер пристап кон потрошувачите и поддршка на инвестициите остануваат приоритет

Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во којшто сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), кој заедно со членовите на комисијата одржа состанок со менаџментот на ЕВН Македонија, соопштија од РКЕ.

„Ние сме дел од сектор во којшто e неопходен стратешки пристап и клучно е да се делува година дена однапред, затоа што процесите се динамични. Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата на граѓаните. Во претстојниот период ќе имаме многу предизвици за да се подготвиме за поврзување на домашниот со европскиот пазар“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Фер пристап кон потрошувачите и поддршка на инвестициите е принципот врз основа на кој регулаторот ќе продолжи да делува низ соработката со ЕВН Македонија.

„Во овие 20 години во коишто ЕВН Македонија е активна на нашиот пазар се случија доста промени, како во техничка смисла, така и во делот со унапредување на услугите. Сега сме веќе дојдени во фазата каде што дигитализацијата и вештачката интелигенција ќе не водат понатаму.“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

фото: РКЕ

Можеби ќе ве интересира...

Започна серијалот обуки „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика

BiznisPRO

Курсна листа за 13 март 2025 – Која е вредноста на доларот?

BiznisPRO

Повторно Apple симнат од тронот : Ова е највредната компанија во светот

BiznisPRO