Во април 2026 година се издадени 291 одобрение за градење, што е за 38.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, информира Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 577 429 илјади денари, што е за 41.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (71.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 27 (9.3 %) за објекти од нискоградба и 56 (19.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 291 објект, на 197 (67.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 94 (32.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 722 станови со вкупна корисна површина од 65 663 м2.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
