Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 07/2026, во која се опфатени долгови доспеани до 31 март 2026 година, а неплатени до 30 јуни 2026 година.
Станува збор за обврски по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата се објавуваат физички лица и самостојни вршители на дејност со долг повисок од 120.000 денари, како и правни лица со долг повисок од 300.000 денари.
Според податоците на УЈП, на најновата листа се објавени 2.007 должници правни лица, што е за 66 повеќе во споредба со претходната листа. Кај физичките лица бројката изнесува 3.149, односно 32 повеќе од претходно. Вкупно, на листата се наоѓаат 5.156 должници.
Вкупно објавениот нето-долг изнесува 13.076.222.055 денари, што е зголемување за 162.229.651 денар во однос на претходната листа. Од оваа сума, долгот за даноци и придонеси изнесува 12.862.649.581 денар, додека долгот за царински давачки изнесува 213.572.474 денари.
Целата листа е достапна на следниот линк.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
