ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ: Тргна исплатата на “Мој ДДВ”

Исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ започна, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им се појавуваат на трансакциските сметки.

Ова е редовниот поврат за последниот пресметковен период (април, мај, јуни), кој Министерството за финансии и Управата за јавни приходи го префрлаат на сите граѓани кои редовно ги скенираат фискалните сметки.

Според Законот исплатата треба да биде финиширана до 31 август.

Доколку сè уште не ви легнале парите, препорачливо е да ги проверите и податоците во апликацијата за вашата трансакциска сметка.

Корисниците кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата веќе известуваат дека добиле нотификации од банките. Повратот варира во зависност од сумата на скенирани сметки и максимално може да се оствари поврат од 2100 денари за тромесечје по лице.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ донесе одлука – Поскапуваат горивата

BiznisPRO

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за плаќање на данок по Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 30 јуни 2026

BiznisPRO

Од 15 декември започнува акцијата за новогодишната кошничка, која опфаќа повеќе од 800 производи

BiznisPRO