ПРОМО

РЕЧИСИ 200 ЕВРА РАЗЛИКА ВО ПРЕСМЕТКИТЕ ЗА ЖИВОТ – Синдикатите и Владата со различни потрошувачки кошнички

На седницата на Економско-социјалниот совет повторно се отвори прашањето колку пари му се потребни на едно четиричлено семејство за месечните трошоци.

Синдикатите сметаат дека владината потрошувачка кошничка е значително пониска од нивната пресметка, со разлика што достигнува речиси 200 евра.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши објасни дека владината методологија се однесува на просечна, а не на минимална потрошувачка кошничка. Владината пресметка за септември изнесува нешто над 58.000 денари, додека синдикатите предупредуваат дека реалните трошоци за дел од семејствата се значително повисоки.