Енергетика

СТРУЈАТА ЗА ФИРМИТЕ ВО ЕУ ПОЕВТИНИЛА ЗА 5,4 ПРОЦЕНТИ – Големи разлики меѓу земјите

Просечната цена на електричната енергија за дефинираната група недомаќински потрошувачи во Европската Унија во првата половина од 2026 година изнесувала 0,18 евра за киловат-час.

Според Евростат, цената е за 5,4 проценти пониска отколку во првата половина од 2025 година, а за два процента пониска во однос на втората половина од минатата година.

Највисоки цени биле забележани во Ирска, со 0,27 евра за киловат-час, додека Финска имала најниска цена од 0,09 евра. Податоците се однесуваат на потрошувачи со годишна потрошувачка меѓу 500 и 2.000 мегават-часови.