Македонските банки на удар: DDoS напад на веб страните и останати сервиси на банките

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка (НБ) и домашните банки, како резултат на ДДоС напад. Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање, информираат од НБ.

Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање.

ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.

Во согласност со глобалните трендови, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити.

Можеби ќе ве интересира...

Падна одлука – Нови цени на горивата

BiznisPRO

Познати ланци на маркети и казина со малверзации плаќале ефтина струја, УЈП и Финансиска полиција ќе им затропа на врата

BiznisPRO

Денот на инвеститорите на НЛБ ги собра светските инвеститори, аналитичари, финансиски експерти и клучните бизнисмени од регионот

BiznisPRO