114 трговци продавале основни продукти без намален ДДВ, УЈП на терен

Управата за јавни приходи изврши 611 проверки на даночни обврзници и утврди неправилности кај 114. Најмногу неправилности имало кај трговци на мало со храна и пијалоци, трговци на мало со јајца, месо и производи со месо. Според директорката на УЈП Сања Лукаревска, овие трговци, лебот, брашното тип 400, јајцата, млекото, месото, шеќерот, оризот и зејтинот ги продаваа со пресметан ДДВ со 5 проценти.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес-конференција кажа дека за прекршителите се изречени казни кои се одредени зависно од големината на објектот, бројот на вработените, месечните приходи и претходното даночно поведение на објектот.

“Инспекторите согласно направените контроли најмногу неправилности утврдија кај обврзници од Тетово, Струга, Скопје, Прилеп и Охрид. утврдени се неприлагодени фискални апарати кај трговци на млао со храна и пијалоци, со јајца, со месо и производи од месо во специјализирани продавници. Од 31 контролиран продажен објект во Тетово, кај 15 биле утврдени неправилности и тоа неиздавање и неусогласени фискални сметки. Од 28 контролирани објекти во Струга, кај 12 биле откриени неусогласени фискални сметки. Од 136 исконтролирани продажни објекти во Скопје, само кај 13 е откриена неправилност. Во Прилеп и Охрид од направени 32 контроли, кај 12 биле откриени неправилности. Во Битола од исконтролирани 55 објекти, само 10 имале неправилности во работењето” изјави Лукаревска.

Директорката на УЈП ги повика граѓаните да пријавуваат доколку забележат дека на фискалните сметки кои им се издадени, е наплатен и ДДВ за основните производи.

Можеби ќе ве интересира...

Пензионери, добра вест! Доаѓаат пари за месечната помош од Владата на вашите сметки

BiznisPRO

Азески на средба со амбасадорот на Австралија Данијел Емери

BiznisPRO

Добивте ли К-15? – Многу работници беа изиграни

BiznisPRO