Ќе поскапат ли горивата? – Денеска РКЕ носи нова одлука

Предусловите се исполнети, РКЕ ќе има нова одлука за цената на нафтените деривати која ќе биде на сила од 0:01, соопштија претставници на Регулаторната Комисија за енергетика.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.

Во моментов барел нафта од типот брент се продава за 118 долари, додека од типот вти круд а 112.

Можеби ќе ве интересира...

„Стандард и Пурс“: Денарот и банкарскиот систем и натаму се стабилни

BiznisPRO

Народната банка постојано ги зајакнува капацитетите за откривање фалсификувани пари

BiznisPRO

ИСОС го зајакнува капацитетот и поддршката на сите сметководители да ги исполнат законските и професионалните норми

BiznisPRO