УЈП со важна вест за корисниците на апликацијата “Мој ДДВ”

Управата за јавни приходи известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ. Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето ,,Тип на баркод скенер,, каде што сега стои ,,Напреден,, да ја изберат опцијата ,,Основен,,.

Фискалните сметки кои неможе да се скенираат преку опцијата ,,Основен,,, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи. По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во ,,Тип на баркод скенер,, да ја изберат опцијата ,,Напреден,, при скенирање на фискалните сметки .

Можеби ќе ве интересира...

Нова цена на горивата

BiznisPRO

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

BiznisPRO

Стопанска комора: Мерките кои се носат да не го нарушат оперативното работење на компаниите

BiznisPRO