Koординативен состанок со енергетски компании

Грејната сезона започна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на редовен месечен координативен состанок со енергетските компании.

„ Енергетската состојбата во Европа е комплексна, секоја држава ги моделира решенијата врз основа на солидарност – помагање едни со други и рационално трошење на електричната енергија. На состанокот разговаравме за трите постулати врз основа на кои се менаџира состојбата: остварување на планираното зголемено производство за електрична енергија што подразбира 100% покривање на потребите за домаќинствата и малите потрошувачи како и вишок енергија што ќе биде насочена кон стопанството. Паралелно, на состанокот се оцени како позитивна таргетираната помош за ранливите категории – иницијатива на РКЕ и препорака на Енергетската заедница. Координираните системски мерки ќе помогнат да се амортизира состојбата и да им се помогне на оние кои што им е најпотребно. Допрва доаѓаат месеци во кои што температурата ќе биде пониска, затоа неопходно е рационално трошење на сите енергенси.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

На состанокот беа присутни претставници од енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН ХОМЕ, Електродистрибуција и МЕМО.

Можеби ќе ве интересира...

Тимот на „Алкалоид“, кој годинава броеше околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата, во текот на трите работни денови оствари повеќе од 400 деловни средби со партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници на компанијата

BiznisPRO

На Машинскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје се отвори Саемот за пракса и вработување

BiznisPRO

Следува исплата на пензиите – Неделава ќе се знае колку плус пари ќе добијат пензионерите како помош од државата

BiznisPRO