Пензиите повеќе нема да се исплаќаат предвремено – Од сега ќе бидат достапни на први во месецот

Пензиите од сега ќе се исплаќаат редовно согласно законот, но не и предвремено како што беше до сега.

Праксата за предвремена исплата на пензиите започна за време на коронавирус кризата, па така граѓаните добиваа пензии и до 5-6 дена порано.

Согласно законот пензиите од сега се исплаќаат на 1ви директно од буџетот на државата на трансакциските сметки на пензионерите.

Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Можеби ќе ве интересира...

Следува предвремена исплата на септемвриските пензии и нивно покачување од речиси 7 отсто

BiznisPRO

Што ќе биде ова? Кинеската трговија со нафта со Иран е во застој

BiznisPRO

Не е виден од април 2022 година: Биткоинот над 45.000 долари

BiznisPRO