Акциите на Rolls-Royce пораснаа речиси 190 отсто

Акциите на британската воздухопловна и одбранбена компанија Rolls-Royce денеска достигнаа највисоко ниво во последните 52 недели.

Нивната вредност скокна за речиси 190 проценти за една година.

Според CNBC, остриот скок на акциите сугерира дека пазарите ги отфрлија критиките на претседателот на Емирати, Тим Кларк за млазните мотори на Rolls-Royce на неодамнешниот самит во Дубаи.

Финансиските перформанси на Rolls-Royce се подобрија благодарение на планот на новиот извршен директор Туфан Ергинбилгиќ, кој ја презеде функцијата во јануари. Резултатите на компанијата за првите шест месеци од оваа година, објавени во август, веќе покажаа огромен напредок во однос на 2022 година. Основната оперативна добивка од јануари до јуни е 673 милиони британски фунти, што е пет пати повеќе отколку во истиот период минатата година.

Можеби ќе ве интересира...

Наскоро во Германија големо зголемување на платите: Покачувања и до 500 евра, еве кој

BiznisPRO

Се повеќе музичари во Србија: Индустријата оствари промет од 168 милиони евра

BiznisPRO

Кога се паѓа Велигден, а кога Бајрам, следуваат многу продолжени викенди – Листа на сите неработни денови во 2023

BiznisPRO