Илјадници Албанци излегоа на улиците на главниот град на Тирана поради неодамнешните зголемувања на цените, додека владата на Еди Рама им порача да возат помалку.
Албанските власти ја обвинуваат војната во Украина за скокот на цените, а демонстрантите се собраа на главниот плоштад Скендербег, пред да стигнат до канцеларијата на премиерот Рама, носејќи антивладини транспаренти.
Албанците четврти ден протестираат со намера да се борат за намалување на цените на горивата и одредени прехранбени производи.
Откако минатата недела горивата поскапе за 50 отсто, пред два дена, владата на Рама воведе контрола врз цената на горивата и апелираше до граѓаните помалку да користат автомобили.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...