Откриена грешка при склопување на возилото: Honda повлекува неколку стотици илјади модели Accord и HR-V

Хонда ќе повлече неколку стотици илјади модели на Accord и HR-V поради недостиг на дел во затегнувачите на предните безбедносни ремени, што може да го зголеми ризикот од повреда при судар.

Според соопштението на Honda и американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NSHTA), тој дефект може да значи дека патниците можеби нема да бидат соодветно врзани во случај на несреќа, велат регулаторите.

NHSTA го припиша проблемот на грешка што е направена при склопувањето на возилото, а потенцијално повеќе од 300.000 модели „Accord“ и „HR-V“ го имаат овој дефект.

Од 16 ноември, Honda добила седум поплаки од клиенти, но нема извештаи за повредени или жртви поради неисправните затегнувачи, според документите објавени од NHSTA. За клиентите кои ги купиле овие возила, дилерите ќе ги заменат безбедносните појаси бесплатно.

Можеби ќе ве интересира...

НЕДЕЛА НА БЕСОТ: Земјоделците го прекинаа производството на Фолксваген

BiznisPRO

Ковачевски: Со поедноставените процедури за фотоволтаични централи ги стимулираме инвестициите во обновливи извори на енергија

BiznisPRO

Објавена нова листа на милијардери: Кој е на врвот сега

BiznisPRO