• јули 27, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Анѓушев по средбата со министерот Бектеши: Да се набави мазут за ТЕЦ “Неготино“ и да се овозможи ТЕ-ТО да работи во текот на зимата за спас од високите цени на струјата

Анѓушев по средбата со министерот Бектеши: Да се набави мазут за ТЕЦ “Неготино“ и да се овозможи ТЕ-ТО да работи во текот на зимата за спас од високите цени на струјата

Проф. д-р Кочо Анѓушев и претседател на Македонската енергетска асоцијација денеска ги презентираше барањата на асоцијацијата пред министерот за економија, Кресник Бектеши и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски кои што треба да помогнат во справувањето со високите цени на електричната енергија и начините на обезбедување на доволно количини на енергија за домаќинствата и индустријата особено во текот на претстојната зима.

Како што појасни Анѓушев, Асоцијацијата има четири групи на барања кои смета дека треба итно да се имплементираат. Првата е електричната енергија произведена од повластените производители на енергија односно т.н. зелена енергија повторно да биде наменета само за потребите на индустриските капацитети, кои набавуваат струја на слободниот пазар како што беше предвидено и со Уредбата за кризна состојба во енергетскиот сектор донесена од Владата минатата година, а која што неодамна веќе не е на сила.

„Наше барање е таа повторно да се врати само за индустријата така што македонската индустрија која што се снабдува со електрична енергија на слободниот пазар би добила седум до осум проценти од потрошувачката на електрична енергија на годишно ниво по поприфатливи и добри цени“, вели претседателот на МЕА, Анѓушев.

Втората иницијатива на МЕА е Владата на состаноци со властите во Србија и Бугарија да обезбеди крос-бордер капацитетите со соседните држави за увоз на електрична енергија со Србија и Бугарија да останат отворени во текот на зимските месеци.

„Да не се затворат границите односно капацитетите за увоз на електрична енергија бидејќи тоа би било исклучително неповолно за целиот енергетски систем и би довело до последици кои што би биле посериозни“, предупредува Анѓушев.

Според Анѓушев, клучно во подготовките за претстојната зима ќе биде да се зголеми домашното производство на електрична енергија пред сè преку повторно вклучување на ТЕЦ Неготино и работа на гасната електрана ТЕ-ТО, кој што е приватен енергетски капацитет со голема инсталирана моќност.

„Зборуваме за можност вклучување на ТЕЦ Неготино и обезбедување на мазут во овие услови. Имајќи ги предвид цените од 500 евра за мега ват час и виз-а-ви актуелната цента на мазутот, се воспоставува дека е економично враќањето на ТЕЦ Неготино и неговото враќање во рамки на Електростопанство практично би придонело да може тоа да работи во текот на зимата, а мазутот да се пушти на слободен пазар односно да видиме дали неговата регулирана цена би била пречка за таквото работење. И да се направат напори да се обезбеди увоз на мазут навреме за да може ТЕЦ Неготино да работи во текот на зимата. Важно е да се направат и разговори со ТЕ-ТО , кој е важен капацитет во македонскиот електроенергетски систем, но и во топлификацискиот систем на државата. Значи мора да се направат напори ТЕ-ТО  да работи во текот на зимата и како извор на електрична енергија и како извоз за стабилност на електроенергетскиот систем, но многу поважно за обезбедување на поевтина топлина за Градот Скопје кој што е како значаен. И тука тие разговори треба да се почнат уште отсега“, вели Анѓушев кој што додаде дека во државата има енергетски капацитети со инсталирана моќност од околу 40 MW, како фотоволтаици или мали хидроцентрали кои што не се вклучени на електроенергетската мрежа.

„И тука сакаме да работиме преку институциите, Министерството за економија, Регулаторна, заедно со ЕВН тие капацитети што е можно побрзо да се приклучат на системот бидејќи секој инсталиран мега ват е ’чисто злато’ и е многу важен во енергетскиот систем на државата“, рече Анѓушев.

Последната мерка која што ја препорачува МЕА е измени во Законот за градење со кои што на индустриските капацитети со намена Г1 односно лесна и незагадувачка индустрија би им се овозможила полесна постапка за поставување на фотоволтаици како начин полесно да се одбранат од ценовниот шок на електричната енергија.

По средбата, министерот Бектеши соопшти дека речиси сите барањата на МЕА ќе бидат прифатени од Владата и ќе се имплементираат веќе од 1 август со воведувањето на кризната состојба.

Поврзани соддржини

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4…

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година…
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари…

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со…
Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за…

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во…
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите…

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои…
Замрзнати цените на јајцата и оризот

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за…
Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари…

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел…
МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…