Австрија најави ригорозни контроли за балканските земји – Месните производи детално ќе се проверуваат

Австрија најави ригорозни контроли за балканските земји.

Австрискиот министер за финансии Магнус Брунер најави, со оглед на тоа што африканската чума моментално е многу активна во некои балкански земји, дека во наредните недели ќе се воведат приоритетни проверки за патниците од балканските земји, особено од Босна и Херцеговина и Србија.

Имено, приоритетната инспекциска кампања се спроведува во соработка со царината и Министерството за здравство. Целта е „да се создаде свест, особено кај патниците, дека земањето месо од земји кои не се членки на ЕУ е забрането и подлежи на царинење и проверка“, вели Брунер, како што пренесуваат oe24.at и Независне новине.

Австриските медиуми наведуваат дека африканската чума е особено раширена во Босна и Херцеговина, како и во Србија и дека постои реална опасност, особено поради зголемените патувања за време на божиќните и новогодишните празници.

Понатаму се наведува дека преземањето на такви производи, вклучително и сурова шунка, колбаси или намази од месо, од земји надвор од ЕУ е забрането.

Овие месни производи можат да се увезуваат само од земјите членки на ЕУ, се разбира, под услов и таму да бидат подложени на соодветна ветеринарна инспекција.

Можеби ќе ве интересира...

Албанија стави рампа за увоз на македонско свинско месо

BiznisPRO

Исплатени 442.6 милиони денари за 9741 лозаропроизводители

BiznisPRO

Владата и МЗШВ се подготвени да ја продолжат дополнителната мерка од 3 денари за оризопроизводителите

BiznisPRO