Автомобилската индустрија на работ на колапс?

Нападот што го прекина снабдувањето со електрична енергија на фабриката на Тесла во близина на Берлин и го запре производството на неколку дена укажува на закани за домашната автомобилска индустрија.

Тоа го изјави експертот Штефан Брасел во средата.

Покрај прекинот на електричната дистрибутивна мрежа, што ја зафати Тесла, постојат и други начини за нарушување на производството, изјави во средата Брасел, шеф на Центарот за управување со автомобилската индустрија (ЦАМ) во Бергиш Гладбах.

Големите производители, како што е Volkswagen (VW), можат донекаде да се заштитат од такви напади доколку самите, во својот круг на фабрики, почнат да произведуваат електрична енергија, продолжи експертот.

Сепак, пристапните правци остануваат изложени, како и добавувачите.

„Доколку некој дел стане недостапен, производството запира“, истакна Брацел, додавајќи дека производството зависи и од безбедноста на ИТ системите на фабриките.

Државата мора да го држи криминалот под контрола, инаку инвеститорите може да се запрашаат колку е безбедна нивната инвестиција во Германија, рече тој.

Имено, инцидентот во берлинската фабрика на Тесла, американскиот автомобилски гигант, предизвикува меѓународно внимание и „ја нагризува имиџот на Германија како локација за инвестирање“.

Можеби ќе ве интересира...

Kia EV6 прогласен за автомибил на годината во Македонија за 2024

BiznisPRO

Ги зголемија маржите: Нема да верувате колку заработува автомобилската индустрија

BiznisPRO

Кина поднесе жалба поради канадските царини за електрични возила

BiznisPRO