• октомври 21, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Азески во собранието – Мисија за деблокада на економските закони

Азески во собранието – Мисија за деблокада на економските закони

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески оствари работна средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, согласно алармот на компаниите кои имаат сериозни забелешки за блокадите на законските решенија во Собранието, а кои во услови на тешка енергатска криза дополнително го усложнуваат нивното работење. На средбата беше посочено дека покрај Законот за изменување и дополнување на Законот за градење со кој субјектите ќе можат на кровна конструкција на објект да постават фотонапонска електроцентрала без решение за поставување, согласно членот 74 на овој закон, со што ќе се олесни процесот на поставување на фотоволтаици, како мерка за справување во услови на енергетска криза, за бизнисот приоритет во моментов е итно да бидат изгласани уште две законски решенија, на собраниска седница на 25-26 октомври 2022 година, ако под услов се состанат Комисиите за надворешна политика и за финансирање и буџет. Законите кои чекаат на одобрување во Собранието се поврзани со намалување на трошоците на извозните компании што директно влијае на нивната конкурентност во услови кога скапата цена на електрична енергија ги стави во исклучително неповолна позиција во регионот и пошироко и обезбедување заем во износ од 100 милиони евра со државна гаранција за финансирање на АД ЕСМ – Скопје со цел обезбедување соодветно производство и набавка на струја за потребите на домашниот пазар.

1.
Предлог на Закон за ратификација на изменувањето и дополнувањето на Анекс 4 на ЦЕФТА 2006, кој сеуште не е поминат на Комисијата за надворешна политика, иако ние како земја членка на ЦЕФТА сме обврзани да ја преземеме ревидираната Конвенција, а за да може таа да се користи во меѓусебната трговија администрирана од ЦЕФТА, неопходно е да се ратификува во земјите потписнички на овој договор за слободна трговија, што како процес го немаме завршено само ние. За извозно ориентираните компании, е од особено значење процесот на ратификација да заврши час поскоро. Ова ќе им овозможи на компаниите да ги користат привилегиите од ревидираната ПЕМ конвенција за извозот на пазарите на ЦЕФТА, со кој, меѓу другото, се укинува забраната за поврат на царина за суровини без потекло, со што се намалуваат трошоците на извозниците и со што стануваат поконкурентни на пазарите во регионот, а се олеснува и добивањето ЕУР 1 сертификат за потекло.
2.
Предлог на Законот за гаранција на РСМ на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ – Скопје кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД ЕСМ – Скопје, со доделување на заем во износ до 100 милиони евра, обезбеден со државна гаранција, е неопходно да се донесе за финансирање на АД ЕСМ – Скопје во услови на енергетска криза. Со овој проект ќе се надминат потешкотиите во снабдувањето со електрична енергија, што е клучен проблем во моментов. Најголем дел од заемот е наменет за оперативни трошоци во ХЕЦ Маврово, ХЕЦ Тиквеш, ХЕЦ Треска, ХЕЦ Црн Дрим и Дирекција, како и за набавка на електрична енергија од лиценцирани трговци со електрична енергија и набавка од операторот на електропреносниот систем, АД МЕПСО.
Заеднички заклучок од средбата меѓу Џафери и Азески е дека контактите со пратениците, пратеничките групи и бизнис заедницата неопходно е да бидат почести во интерес на стопанството а со тоа и на економскиот развој.

Поврзани соддржини

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на февруарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.02.2023 година…
Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои…
ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст на клиентската база и достигна учество на еко портфолиото од 20%

ПроКредит Банка успешно ја заокружи 2022 година со раст…

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати – над 17%…
Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 13.114 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 26.02.2023 година произведе 13.114 MWh електрична енергија, која е…
Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната плата: Месечните примања ќе им пораснат за над 2.000 денари веќе од следниот месец

Убави вести за работниците, нов голем скок на минималната…

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од…
Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 24.02.2023 година произведe 14.530 MWh електрична енергија, која е…
Утврдени нови цени на горивата

Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на вкупната кредитна поддршка

Во јануари: Годишен раст од 4,5% на вкупните депозити…

Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат раст од 4,5%, кој во…
Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

Во изминатото деноноќие произведени се 17.091 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 20.02.2023 година произведе 17.091 MWh електрична енергија, која е…
Падна одлука: Поскапуваат горивата

Падна одлука: Поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Падна одлука – Нови цени на горивата

Падна одлука – Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…
Ново значително поевтинување на горивата

Ново значително поевтинување на горивата

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната…